Еден од учесниците во терористичките напади кои минатиот ноември се случија во Париз, Салах Абдеслам сака да соработува со француските власти, соопштил неговиот адвокат.

Абдеслам беше уапсен во полициска акција во белгискиот кварт Моленбек кон средината на март, а за време на акцијата тој беше ранет во нога. Тој е главниот осомичен за терористичките напади кои се случија на 13-ти ноември, а во кои беа убиени 130 лица.

Откако беше уапсен во Брисел, неколку дена подоцна се случија и терористичките напади во Брисел, а во кои животите загубија 35 лица, а над 300 беа повредени. Многумина сметаат дека овие напади беа извршени како одмазда за апсењето на Абдеслам.

OhridNews