Лидерот во регионалната кошаркарска АБА лига Црвена Ѕвезда потешко од очекувањата ги освои бодовите во Скопје победувајќи го МЗТ со 79-76.


За „црвено белите“ ова беше 13-та победа во низа што преставува нов рекорд во историјата на АБА лигата.

Одлично деби во дресот на македонскиот првак имаше Предраг Самарџиски, кој реализираше 17 поени.

Најефикасен во таборот на „металците“ беше Цветковиќ постигнувајќи 19 кошеви.

Мх.П.