Кошаркарите на АВ Охрид претрпа нов пораз во јадранската Втора АБА лига, откако во 15-та рунда на домашен терен изгубија од Зрински Мостар 89-100 (21-25, 27-34, 24-22, 17-19).

Гостинските кошаркари до триумфот во Охрид стигнаа со маестралната реализација за три поени (15/28). „Галебите“ кои во еден момет во втората четвртина имаа водство (41-37) не успеаја да најдат начин да го сопрат шутот на Зрински.  Иако претрпеа нов пораз вкупно 14-ти сезонава избраниците на Петар Чочороски го одиграа најдобриот меч и беа најблиску до позитивен резултат. 

Поентерски во составот на АВ Охрид се истакнаа Јунаковиќ со 25 поени, Рос Кенет со 24 кошеви, Јанески и Зимиќ со 13 кошеви. Кај гостите најефикасен беше Али Демиќ со 21 поен, а еден помалку реализираше Торион Брумит.

OhridNews