Кошаркарскиот клуб Теодо Тиват го оствари планот во Охрид, откако го освои целиот плен во „Билјанини Извори“ после победата над охридските кошаркари 101-82 (33-15, 28-25, 19-20, 21-22).

Гостинските кошаркари до новите бодови на табелата дојдоа после десетте маестрални минути. „Виолетовите“ реализираа 33 поени, а примија 15 за убедливо водство од 18 кошеви.

Во вториот и третиот период од натпреварот резултатот речиси да беше егал (28-25) односно (19-20). Охриѓани и во последните десет минути беа конкуретни со противникот и причината за поразот е во слабата прва четвртина.

За охридските кошаркари ова е седми пораз во исто толку одиграни мечеви во регионалната АБА лига сезонава, додека „виолетовите“ стигнаа до четвртата победа.

Французинот Реми Бери беше најпрецизен со 35 поени, Станислас Цонков реализираше 11, а Емир Зимиќ застана на 9 кошеви. Во гостинскиот состав најефикасен беше Михајло Секуловиќ со 18 поени.

„Галебите“ во следната рунда од АБА лига гостуваат кај тимот на Сплит.

Мх.П.