Охридските кошаркари со пораз од Сикст Приморска 94-58 (12-27, 18-23, 18-27, 10-17) на домашен терен ја завршија есенската полусезона во јадранската Втора АБА лига.
Гостинските кошаркари до победата во „Билјанини Извори“ стигнаа со инзводредната игра во првите десет минути во кои стекнаа предност од 15 поени (27-12). Во втората четвртина „галебите“ пружија поголем отпор, а гостинските кошаркари со поентерска серија во финишот ја добија со 23-18 и ја зголемија позитивата за дополнителни пет поени (50-30).
Играта на од првата четвртина кошаркарите на Сикст Приморска ја повторија во третата четвртина и немилосрдно го полнеа кошот на АВ Охрид. После триесет минути игра гостите имаа водство од 77-48. Четвртиот период помина во изедначена игра, а кошаркарите на Сикст Примороска ја задржа предноста и забележаа победа (94-58).
Словенскиот тим со бодовите во Охрид останува во самиот врв од Втората АБА лига, додека „галебите“ со една победа во единаесет мечеви ја заземаат последната позиција на табелата.
OhridNews