Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје на гостувањето кај Шолнок го претрпе првиот пораз сезонава (81-69) во АБА лигата.
„Штрковите“ беа бледа сенка од она издание кога беше прегазена Унион Олимпија, причината за поразот од Шолнок српскиот стратег на клупата од МЗТ, Владо Вукоичиќ ќе ја најде во својата екипа, која не наликуваше на себе.
Најпрецизен кај „плабо белите“ беше Дамјан Стојановски со 14 поени, двоцифрен број на кошеви постигнаа уште Синовец (12), Костоски (11) и Рејнолдс (10).
Во третата рунда пред своите гледачи единствениот македонски преставник во АБА лигата ќе го пречека тимот на Будочност.
Мх.П.