Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје на гостински терен триумфираше со 79-65 против составот на Игокеа.

Со оваа победа пулените на словенскиот стратег Зоран Мартиќ ги зголемија шансите за пласман на шестата позиција која носи во Еврокуповите.

Првиот дел не нагосветуваше „лесен“ триумф на кошаркарите од МЗТ откако го загубија со 38-30. Во вториот дел „штрковите“ заиграа квалитетна кошарка во двата правци и забележаа значаен триумф.

 

Мх.П.