Македонскиот првак предводен од неуморниот Ѓорги Чековски со 21 поен и девет скокови го оствари најдобриот резултат во првата сезона во регионалната АБА лига.
Во текот на целиот натпревар водството се менуваше. Двоцифрена предност имаше МЗТ Скопје, а потоа и “црно белите“, за на крајот да решаваат нијанси за победникот.
Чековски на 30 секунди погоди за два поени, Партизан преку Гордон веднаш возврати. Од линијата за слободни фрлања Чековски погоди само едно за 64-64. Последниот напад им припадна на “црно белите“, но Бертанс направи фаул во напад.
Оташевиќ ги реализираше слободните фрлања, а шутот за три на Партизан од својата половина заврши во таблата и следуваше експлозија на “плаво белата“ армија во преполната сала Борис Трајковски.