Во последната четвртина избраниците на тренерот Алеш Пипан стартуваа со негатива од 11 поени разлика, но смогнаа сили направија комплетен пресврт и приредија голема сензација.
Најпрецизен во составот на МЗТ Скопје беше Кирил Николовски со 15 поени. Дамјан Стојановски уфрли 14 додека корпулетниот Тодор Гечевски и Огнен Стојановски постигнаа по 13 кошеви. Најефикасен во поразениот тим Цедевита беше Билан со 19 поени.
Поради повреда за хрватската екипа не настапи македонскиот репрезентативец Владо Илиевски.
Во наредната 22 рунда во АБА лигата, МЗТ Скопје на домашен терен го пречекува лидерот на табелата Игокеа.