Кошаркарите на Рогашка го освоија целиот плен во спортската сала „Билјанини Извори“ победувајќи го составот на АВ Охрид со 78-56 (20-13, 17-22, 20-13, 21-8) во петтата рунда од Втората АБА лига.

За „галебите“ ова е петти пораз, додека гостинските кошаркари стигнаа до втората победа и ставија точка на серијата од три порази.

Охридските кошаркари одиграа добро прво полувреме по кое имаа негатива само два поени (35-37). Во вториот дел охриѓани комплетно потфлија и на кошаркарите на Рогашка им дозволија лесна победа и бодови во Охрид.

Најефикасен во редовите на АВ Охрид беше Емир Зимиќ со 15 поени кој додаде уште 12 скокови. Двоцифрен учинок имаше и Бугаринот Станислас Цонков реализирајќи 10 кошеви. Кај гостите речиси перфектен меч одигра Рашун Дејвис кој уфрли 30 поени, а зад своето име запиша уште 5 скокови и 4 асистенции.

Во шестата рунда „галебите“ гостуваат кај составот на Динамик, но прво имаат обврски во домашниот шампионат.

Фотогалерија:


КК Рогашка со целиот плен си замина од Охрид.

Мх.П.