Кошаркарите на Ловчен заминуваат со целиот плен од „Билјанини Извори“ совладувајќи го АВ Охрид со 96-75 во 13-та рунда од јадранската Втора АБА лига. За „галебите“ ова е 12-ти пораз, додека Ловчен ја забележа првата победа на гостински терен, а вкупно шеста сезонава.

Иван Јелениќ (Ловчен) – Кога ќе се сумира се можам да кажам дека заслужено победивме. Ние имавме одредени падови во втората четвртина кога домашните кошаркари успеаја и да поведат. Одговоривме на добар начин се вративме до крајот на полувремето, а во третата и четвртата четвртина го задржавме високото темпо. Што се однесува до мојот учинок, мора по некој играч да отскокнува од другите, а овој пат јас ја имав таа среќа.

Петар Бојоски (АВ Охрид) – Одигравме добро прво полувреме во кое имавме и водство. Во второто полувреме ги повторивме оние грешки кои ги правиме констатно и на некој начин им ја отворивме вратата за победата на гостинските кошаркари. Минутажата од овие мечиве добро ќе ми дојде мене лично и на оние играчи кои им треба самодоверба и искуство.

Драган Радовиќ (Ловчен) – Натпреварот добро го отворивме и стигнавме до двоцифрена предност. Потоа незнам зошто влеговме во некое бунило и се доведоме во ситуација да бркаме негатива. Во третиот и четвртиот период го покажавме најдоброто од нас и заслужено ги освоивме бодовите во Охрид.

Петар Чочороски (АВ Охрид) – Им честитам на гостински кошаркари за победата, добрата и коректната игра. Искуството кое го акумулираме низ овие мечеви требаше да го демонстираме сега, бидејќи на седум поени позитива брзаме со шутеви од неизградени позиции. Гостите одма не казнија за таквите грешки во нападот и се вратија во игра, а потоа стигнаа и до победата. Нема да ја наведнуваме главата и ќе продолжиме понатаму, затоа што не очекуваат мечеви во Првата лига.

АБА: Охрид среќен за Ловчен

OhridNews