Кошаркарскиот клуб АВ Охрид се` уште е без победа во второлигашкото друштво во АБА лигата, откако на домашен во петтата рунда од првенството претрпе пораз од Рогашка (78-56). „Галебите“ конкуретни беа само едно полувреме во кое имаа и водство. Во второто гостите ги затворија приодите кон обрачот и го осигураа првиот триумф на гостински терен сезонава.
Митја Николиќ (Рогашка): Неколку натпревари во серија играме во грч, а исто така помина и денешниот меч со АВ Охрид. Крајниот исход не ја отсликува реалната состојба на теренот затоа што во еден момент имавме и негатива. Во второто полувреме ја поправивме играта во одбрана, им ги затворивме најдобрите играчи и стигнавме до победата.
Емир Зимиќ (АВ Охрид): Ние имаме очигледен проблем во скок играта и мора што побрзо да го решиме тој проблем. Јас како нов кошаркар давам се од себе, но ќе мораме повеќе сите и да стигниме до посакуваните резултати.
Дамјан Новаковиќ (Рогашка): Ниту ние, ниту АВ Охрид не одигравме некој добар натпревар. Секогаш е добро да победиш кога не играш според планот и кога имаш евидентен пад во играта помеѓу две четвртини. Во третата и четвртата четвртина се консолидиравме и покажавме дека знаеме. Оваа победа ни беше потребна, затоа што претрпевме болен пораз од Крка пред своите гледачи.
Петар Чочороски (АВ Охрид): Гледајќи ја статистиката во офанзивните скокови и во нереализираните слободни фрлања ја гледам причината за поразот. Имаме доста работи за поправување иако во нашито состав за разлика од првите мечеви има напредок. Немаме време за некои посериозни анализи, бидејќи не очекува меч во Првата лига на домашен терен против Шкупи кој мора да го добиеме.
АБА: Рогашка го однесе целиот плен од Охрид (фото)
OhridNews