Охридските кошаркари со пораз од Крка 100-69 ги завршија мечевите на домашен терен во Втората АБА лига. Словенскиот состав ја оправда фаворитската улога и до триумфот дојде после доброто отварање на натпреварот.
Тим Осолник (Крка) – За натпреварот со АВ Охрид се подготвувавме добро, иако клубот нема посакувани резултати во лигата. Таквиот пристап на мечот ни донесе разлика по првата четвртина која не одведе до победата. Овие мечеви ќе ни бидат подготвителни за престојниот завршен турнир во Втората АБА лига.
Христијан Стојаноски (АВ Охрид) – Добро беше да се „раситнат“ првите минути во АБА лигата на домашен терен. Дадов се од себе, но знам дека морам јас и сите заедно како тим да работиме понапорно за достигнување на посакуваниот резултат.
Симон Петров (Крка) – Нема лесна победа и натпревар. Првата четвртина ни ги отвори вратите за победата, а имаше моменти кога домаќините сериозно ја нападнаа нашата предност. Но, ние на време се консолидиравме и не дозволивме пореметување на нашите сметки.
Петар Чочороски (АВ Охрид) – Моментално, сите ни ги бројат поразите, но ова искуство кое го акумулираа сите во клубот ќе значи многу за сезоните кои доаѓаат. Имавме можност да се надигруваме со екипи од поранешните југословенски простори и да видиме до каде се нашите квалитети.
OhridNews