Кошаркарскиот клуб АВ Охрид го претрпе седмиот пораз во регионалната Втора АБА лига, откако на домашен терен изгуби од Теодо Тиват (101-82). Гостите ја забележаа четвртата победа вкупна сезонава, а прва надвор од својата арена.

Михајло Секуловиќ (Теодо Тиват) – Прво да им се заблагодарам на домаќините за пречекот и можноста да го прошетаме и видиме Охрид. Што се однесува до мечот, ние одигравме се што се договаравме во првата четвртина и потоа беше многу полесно. Оваа победа на гостински терен ни беше потребна за престојните дуели кои не очекуваат во овој дел од сезоната.

Реми Бери (АВ Охрид) – Една лоша четвртина не чинеше пораз. Тие почнаа доста агресивно за разлика од нас кои лошо почнавме. Очигледно, мора да промениме некои работи во играта во АБА лигата, бидејќи не сакаме повеќе да губиме.

Зоран Гломазиќ (Теодо Тиват) – Добриот скаутинг на мечот многу ни ја олесна работата. На добар и агресивен почеток бевме договорени од стартот на мечот. Се што имавме зацртано го остваривме после десет минути игра. Нашиот противник потоа проба да стори нешто, но ние не дозволивме нешто повеќе, а и разликата беше доста голема.

Владимир Ѓоровиќ (АВ Охрид) – Во три четвртини покажавме дека можеме, а таа една слаба на стартот не чинеше пораз. Нереализирани зицери и многу технички грешки не се дозволиви за меч од ваков ранг. Нема многу да се навраќаме на овој натпревар само ќе извлечеме позитивни поуки за следните натпревари кои не очекуваат.

АБА: Теодо Тиват го оствари планот во Охрид

OhridNews