Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје ја забележа првата победа во регионалната кошаркарска АБА лига победувајќи го Задар 72-58 (23-9, 14-17, 15-20, 20-12).

„Металците“ со фуризниот старт направија предност која се покажа доволна за првата радост во новата сезона, иначе трета во балканското кошаркарско друштво.

Сите кошаркари одиграа тимски, посебно во одбраната и првите бодови на табелата се заслуга на сите поединци.

Во третата рунда од Јадранската лига „сино белите“ гостуваат кај составот на Будуќност.

Фото : Спортмедиа
Мх.П.