Челниците на регионалната кошаркарска АБА лига пресекоа и донесоа одлука за натпреварот Будуќност – Црвена Ѕвезда кој не се одигра во салата „Морача“ во Подгорица. Гостите од Белград не отпатуваа поради нарушените политички односи помеѓу двете земји и страв од немири во салата и во текот на натпреварот.
АБА лигата, очекувано, бодовите од натпреварот им ги додели на домаќините додека Црвена Ѕвезда не го доби поенот за пораз, а дополнително ќе треба да плати 20 000 евра.
Актуетлниот шампион Црвена Ѕвезда побара одложување на средбата од ланското финале, но АБА лигата не прифати и Будуќност на зелена маса ги доби бодовите за победа.
OhridNews
АБА: Црвена Ѕвезда не отпатува во Подгорица, службена победа за Будуќност