Македонскиот првак МЗТ Скопје имаше натпревар за заборав на гостувањето во Белград кај Црвена Ѕвезда во Јадранската лига. “Црвено белите“ со убелдиви 82-72 ги спуштија “штроковите“ на земја и им го нанесоа деветтиот пораз сезонава.

Избраниците на тренерот Алеш Пипан рамноправен противник беа само во првата четвртина која ја загубија со шест поени (26-20). Во вториот период бродот на МЗТ почна да тоне и на крајот од полувремето имаа негатива од 22 поени 60-38.

Разликата остварена во првите две четвртини кошаркарите на Црвена Ѕвезда ја чуваа до крајот на мечот и заслужено славеа над македонскиот преставник во Јадранската лига. За “црвено белите“ на мечот со МЗТ не дебитираше новата аквизија репрезентативниот центар, Предраг Самарџиски.

Во наредното коло тимот од Аеродром ќе се сретне со Унион Олимпија на домашен терен.

Мх.П.