Гостите има контрола над резултатот во целиот меч, а нивната предност во еден момент во третиот период изнесуваше и плус 18 (52-34), кога искусниот Гечевски наивно заработи исклучувачка лична грешка. Тренерот на домаќините, Александар Тодоров се обиде со ниска постава да го врати МЗТ во мечот, тоа до некаде и му успеаа и “металците“ стигнаа на минус 5, 54-59.
Најпрецизен во таборот на металците беше Стојаноски со 19 поени, Дејвис уфрли 11. До првиот триумф во АБА лигата гостите ги предводеа Чапин со 16, Борисов 16 и Брајан 15 поени.
Во наредната рунда од Јадранската лига, МЗТ СКопје ќе гостува во Сплит.