Кошаркарскиот клуб АВ Охрид со пораз од Сикст Приморска 92-54 (21-11, 28-8, 21-14, 22-21) комплетно ги заврши своите обврски во јадранската Втора АБА лига.

Играчите на Сикст Приморска со убедливиот триумф се искачија на третата позиција на табелата, додека охриѓани сезоната ја завршија на последната позиција со само една победа.

Поентерски кај домашните кошаркари се истакнаа Тадеј Ферме кој постигна 15 поени, Гезим Морина уфрли 14, Нејц Жупан реализираше 11. Во охридскиот состав најефикасен беше Филип Бакоч со 14 кошеви, а по него следеа Рос Кенет со 12 поени и Ѓорги Зафиров 11 кошеви.

Избраниците на Петар Чочороски после враќањето во Македонија ќе имаат важен натпревар со Карпош Соколи кој мораат да го добијат за потврда на учеството во Супер лигата.

OhridNews