Кошаркарскиот клуб АВ Охрид претрпе пораз на гостувањето во Цетиње од составот на Ловќен, кој славеше со 94-72 (24-17, 23-20, 24-17, 23-18) во втората рунда од регионалната Втора АБА лига.

Атак на бодовите домашните кошаркари најавија уште во првиот квартал кој го добија со 24-17. Во вторите десет минути домаќините го зголемија водството за двоцифрена предност (47-37) на полувремето.

Кошаркарите на Ловќен во третиот период повторно доминираа и со идентичен резултат (24-17) од првата четвртина ги решија сите дилеми околу победникот.

Последните десет минути не донесоа некои посериозни промени и домашните кошаркари заслужено славеа со 84-72 и ги запишаа првите бодови на табелата.

Во домашниот состав најпрецизен беше Драшко Албанијаниќ со 26 поени, додека во екипата на АВ Охрид се издвои Рос Кенет со 23 кошеви.

Противник на „галебите“ во третата рунда ќе биде тимот на Вршац, но претходно охриѓани имаат обврски во Првата лига.

OhridNews