Екс тренерот на МЗТ Скопје, Алеш Пипан нема по добро да го памети своето враќање во „Борис Трајковски“ откако со својата екипа Унион Олимпија во првата рунда до АБА лигата претрпе убедлви пораз 79-60 (20-13, 19-15, 22-13, 18-19).


Избраниците на српскиот стратег Владо Вукоичиќ сериозно пристапија на мечот со „змајчеките“ што резултираше со предност од (+1) 39-28 на полувремето.

Во вториот дел МЗТ продолжи со кошаркарскиот танц и од минута во минута ја зголемуваа разликата на семафорот која на крајот изнесуваше (+19)79-60.

Македонскиот првак тргна со победа во втората сезона од регионалната Јадранска лига, а во второто коло гостува во Унгарија кај екипата на Шолноки.

Мх.П.