Охридските кошаркари гостуваат во Цетиње кај тимот на Ловчен во втората рунда од регионалната АБА втора лига. Двете екипи со порази стартуваа во лигата и меѓусебна пресметка ќе биде шанса за први бодови на табелата.
– Не очекуваат две тешки гостувања прво во Втората АБА лига, потоа во нашиот шампионат. На дуелот со Ловчен ќе одиме да се надигруваме и да се покажиме во што подобро светло. Напоменав и претходно, натпреварите од АБА лигата ќе ни послужат за акумулирање за искуство и што подобра подготовка за мечевите кои не престојат во Првата лига. Претрпевме два порази на домашен терен кои никако не смеат да не поколебаат или пак да не дестабилизираат. Нашата цел останува иста, што повисок пласман на табелата во сите конкуренции во кои се натпреваруваме. – изјави Петар Чочороски.
Дуелот во Цетиње се игра во среда со почеток во 18 часот.
Двојки 2.коло: Мостар – Босна Ројал, Ловчен – АВ Охрид, Вршац – Крка, Рогашка – Сплит, Сихт Приморска – Борац Чачак, Динамик – Теодо Тиват.
OhridNews