Кошаркарите на АВ Охрид во среда со почеток во 18 часот во осмата рунда од Втората АБА лига гостуваат во Сплит кај истоимената екипа. „Галебите“ покрај негативниот скор на табелата најавуваат дека ќе играат со голема жар и волја за добар резултат.
– Одиме да се надигруваме како и на секој натпревар до сега во Втората АБА лига. На претходните 2-3 мечеви имавме добри моменти и сигурен сум дека ќе продолжиме да се надоградуваме со исто темпо како до сега. Составот на Сплит е квалитетен и конкурентен и не очекува возбудлив натпревар. – изјави тренерот на екипата, Петар Чочороски.
Во отсуство на Стеван Глигоријевиќ и Слободан Михајлоски кои се повредија на дуелот со Гостивар товарот под кошот ќе го преземат Реми Бери и Емир Зимиќ.
– Не се предаваме покрај играчкиот дефицит. Во мечевите од Втората АБА лига и Првата лига покажуваме дека можиме, а ни недостасува многу малку да стигниме до посакуваните победи. Го анализиравме нашиот противник и видовме каде ни се нашите шанси. – истакна Бери.
Серијата без победа ги закова „галебите“ на последната позиција, додека Сплит со 3-4 скор е нна 9-место на табелата.
OhridNews