Натпреварот на МЗТ Скопје против хрватска Цибона во Јадранска лига, кој требаше да се игра во вторник е одложен поради временските неприлики кои го зафатија Балканот.

– Она што можеме да го кажеме во моментов е дека натпреварот е одложен. Цело време сме во комуникација со претставниците на АБА-лигата околу новиот термин на одигрување на средбата. Цибона бара да игра во текот на следната седмица, но за нас тоа е неизводливо бидејќи салата е веќе зафатена за други активности. Наша желба е мечот да се одложи за еден или два дена, така што Цибона би можела да допатува и со автобус во Скопје. Кога ние мораме да патуваме на таков начин до Широки бријег, не гледам зошто истото не би било случај и со хрватскиот тим. Во секој случај, конечниот збор ќе го има комесарот при АБА-лигата – изјави директорот на МЗТ Скопје, Видоја Секуловски.

Во првиот меч одигран во Хрватска, македонскиот првак токму над Цибона ја забележа првата победа во АБА Лигата.

По тринаесет одиграни натпревари “штрковите“ се наоѓаат на седманата позиција со седум победи и шест порази додека Цибона е на деветтата минута со пет победи и осум порази.

Мх.П.