И со новиот тренер Боби Митев на клупата кошаркарите на мекедонскиот првак МЗТ Скопје неуспеаја да забележат победа пред своите гледачи во АБА лигата.


Овој пат од „Јане Сандаски“ со целиот плен си замина тимот на Металац победувајќи ги „штрковите“ 64-58.

Домаќините имаа негатива по првиот дел, но смогнаа сили и се вратија во вториот. Слабата реализиција во решавачките мигови ги чинеше „металците“ пораз вкупно шести сезонава.

Можност за поправен кошаркарите на МЗТ ќе имаат на гостински терен против тимот на Игокеа во рамките од деветтата рунда во АБА лигата.

Фото : Екипа.мк
Мх.П.