Финалниот турнир ќе се игра од 25 до 27 април во Белград, а во досегашниот тек од лигата две екипи имаат обезбедено пласман Игокеа и Црвена Ѕвезда.
За последните две места конкурираат три екипи Партизан, Раднички Крагујевац и Будучност. Македонскиот преставник во АБА лигата, МЗТ Скопје во дебитантската сезона оствари одлични резултати и наредната година ќе се натпреварува во елитното балканско друштво.