Челниците од регионалната кошаркарска АБА лига не дадоа зелено светло за приклучување на грчките кошаркарски гиганти Олимпијакос и Панатинаикос во сезоната која следува.

Клубовите од Грција испратија барање до АБА за вклучување во лигата, откако незадоволни од третманот од матична федерација одбија да играат натпревари во националниот шампионат. За неиграњето во грчкиот шампионат Олимпијакос со соочи со суспензија од префрлување во Втората лига, додека Панатинаикос помина само со суспензија.

Некогашните европски шампиони ќе имаат втора шанса за позитивен одговор од челниците во АБА лигата. За краток временски период клубовите и преставниците од регионалното кошаркарско друштво ќе имаат состанок на кој ќе донесе последно решение.

Состанокот на АБА лигашите помина бурно, бидејќи се расправаше за финалната серија помеѓу Црвена Ѕвезда и Будуќност. „Црвено белите“ победија во петтиот натпревар во Белград, а гостинскиот состав  поради низа безбедносни причини бараше да се поништи исходот од финалето.

OhridNews