Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, во сабота, ќе го одиграа натпреварот од петтото коло во регионалната АБА лига. МЗТ во Сплит ќе и гостува на истоимената екипа, која во двете средби кои ги одигра на домашен терен забележа победи над фаворизираните Црвена звезда односно Цедевита. Сплит исто како и МЗТ по четири рунди во АБА лигата има скор од две победи и исто толку порази.

Колото во јадранската конкуренција, во петок ќе го отворат Црвена звезда и Игокеа, единствената непоразена екипа во лигата. Дерби на петтото коло ќе биде пресметката во Љубљана помеѓу Олимпија и Цедевита.

Двојки :

Петок, 19. октомври:

20:00 Црвена звезда-Игокеа

Сабота, 20. октомври:

17:00 Раднички-Солнок

20:30 Сплит-МЗТ

Недела, 21.октомври:

17:00 Цибона-Задар

18:00 Широки-Крка

20:00 Будуќност-Партизан

Понеделник, 21. октомври:

20:30 Олимпија-Цедевита

Табела: Игокеа 4/0, Цедевита, партизан, Олимпија, Крка 3/1, Будуќност, МЗТ, Сплит 2/2, Црвена звезда, Задар, Цибона, Широки, Раднички и Солнок 1/3.

“Макфакс“