“Штрковите“ натпреварот го започнаа одлично и првата четвртина им припадна со 27-21. Во втората домаќините се созедоа ја анулираа предноста и успеаја да заминат со предност на полувремето 48-42.
Македонскиот претставник во Јадранска лига одново одигра маестрална четвртина постигнувајќи 24 поени, а прими само 13 и во последната стартуваше со предност од пет поени.
Но тогаш колата на МЗТ Скопје подзастана, “белите“ со серија кошеви стекнаа нова предност која ја зачуваа до крај и се радуваа на победата.
Во наредната 18-та рунда “штрковите“ на домашен терен го пречекуваат Хрватскиот претстаник во АБА лигата Слит.