“Штрковите“ на гостување патуваат без центарот Урош Николиќ додека останатите кошаркари се здрави и ќе атакуваат на 11-та победа во Јадранската лига.
Тренерот на МЗТ и селектор на македонската репрезентација, Алеш Пипан мечот со Цедевита ќе го искористи да се сретне со Владо Илиевски, кој пред нецела година одлучи да се повлече од селекцијата на Македонија.
– Илиевски е квалитетен и докажан кошаркар. На селекцијата им се потребни сите кошаркари, јас ќе се сретнам со него, ќе разговараме а исходот ќе го дознаме понатаму – рече Пипан.
Пред две недели на директорот на репрезентацијата Илија Мерџаноски, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекклејб му го потврдија настапот за Македонија на Евробаскетот во Словенија.