Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје го совлада Партизан во Пионир со 73-66 во рамките од 18-та рунда во Јадранската лига.
Кошаркарите на МЗТ Скопје во ниеден момент не се уплашија од предизвикот и името на нивниот противник.
Кога беше најпотребно во последната четвртина „штрковите“ одиграа беспрекорно. Предводени од искусниот Тодор Гечевски (19 поени) ја казнуваа секоја грешка на „црно белите“.
Голема помош за „Тоше“ стигна од Синовец 12 кошеви и Лулиќ, кој реализираше 11 поени. Од позадина Дамјан Стојановски, Дејвис и Сеховиќ уфрлија по осум поени.
Со триумфот над Партизан македонскиот преставник во регионалната кошаркарска лига стигна до осмиот сезонава и се наоѓа на седмата позиција.
Мх.П.