Натпреварот помеѓу АВ Охрид и Босна Ројал од деветтата рунда во Втората АБА лига нема да се одигра, потврдија од регионалното кошаркарско друштво.

Противникот на „галебите“ кој требаше уште вчера да пристигне во Охрид, не дојде, а причините најверојатно се финансиски. 

„Галебите“ по службен пат со победа 20-0 ќе ги запишат првите бодови на табелата и ќе го скршат мразот во Втората АБА лига.

Охриѓани паузата ќе ја искористат за што подобра подготовка за мечевите кои следуваат во Првата и АБА лигата до крајот на оваа година.

OhridNews