Водството на мечот во салата “Борис Трајковски“ констатно го контролираше тимот на Игокеа. Лидерот го искористи почетниот грч на кошаркарите на МЗТ и поведе со 11 поени по првата четвртина.
Избраниците на тренерот Алеш Пипан се созедоа и до крајот на првиот дел успеаја да намалат негативата на шест поени.
Со иста мера “штрковите“ продолжија во третиот период, кога со серија кошеви и агресивна одбрана ја намалија предноста на Игокеа на еден поен пред решавачката четвртина.
Во последниот квартал кошаркарите на Игоека беа тие кои посмирено играа во нападот, ги погодуваа слободните фрлања во клучните моменти и се радуваа на победата.
Најпрецизен во МЗТ Скопје со 21 поен беше искусниот Тодор Гечевски, а најголема помош “Тоше“ имаше од Бакиќ со 14 поени. Со 16 кошеви кошаркарот Јоровиќ беше најефикасен во екипата на Игокеа.