Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, во
сабота, ќе гостува кај Игокеа, во рамките на деветтото коло, во АБА
лигата.

Игокеа е најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната во
Јадранската лига, екипата со шест победи и два пораза се наоѓа на делба
на првата позиција на табелата. МЗТ, на гостувањето патува по двете
победи во серија, во кои беа совладани евролигашите Олимпија и Цедевита.

„Oдиме на уште едно тешко гостување, кај противник кој покажа мoжеби и
најмногу во
досегашниот тек од АБА лигата. Во последните два настапи
изгубија несреќно на гостувањата против Цедевита и Задар. Мора да се
каже дека екипата Игокеа е доста квалитетен и доста искусен тим, и ќе
биде еден тежок натпревар. Посакувам моите играчи да го дадат својот
максимум и да одиграат еден добар меч, па дали ќе биде тоа доволно за
нов триумф ќе дознаеме во сабота вечер“,
изјави тренерот на МЗТ Скопје
Аеродром , Алеш Пипан.

За разлика од МЗТ, Игокеа, по перфектниот почеток, шест победи во првите
шест кола, на последните две забележа порази на гостувањата во Загреб и
Задар.

„Знаеме дека Игокеа е одличен тим. По двата порази по ред, за нив не
преостанува ништо друго освен да одиграат цврсто и да направат се за да
ја прекинат серијата од два порази. Од друга страна, ние доаѓаме со две
победи против два одлични тима, со кои ни се врати самодовербата . Мора
да одиграме квалитетен натпревар, да одиграме максимално борбено, само
на тој начин може да очекуваме поволен резултат од ова гостување“,

изјави Кејд Дејвис .

Натпреварот помеѓу Игокеа и МЗТ Скопје Аеродром е закажан за сабота со почеток од 20:15 часот.

“Макфакс“