Македонскиот шампион, екипата на МЗТ Скопје не успеа да го продолжи ритамот на победи по двата претходни триумфи над Олимпија и Цедевита, доживувајќи денеска убедлив пораз на гостувањето против составот на Игокеа со 79-55 (23-14,18-14,16-9,22-18).

 

Уште од првата минута на дуелот вечерва беше сосема јасно кој е кој. Домашните кошаркари, пак, по двата свои порази начекаа момент да се вратат на победите, па нашиот тим им се појави како повеќе од добар тренинг партнер во ниту еден момент не дозволувајќи му посериозно да ја загрози победата. Посебно и во ситација кога упорно нашата игра се темелеше единствено на обиди за три поени, и тоа главно неуспешни.

На полувремето Игокеа стигна до предност од 13 поени, која дополнителено се зголеми во вториот дел за конечен триумф од 79-55. Најефикасен во победничкиот тим беше Дозет со 20 поени, додека Бркиќ заврши со 18 поени.

Во тимот на МЗТ Скопје Дамјан Стојановски и Ѓорѓи Чековски забележаа по 14 поени, Урош Николиќ постигна 10 поени, додека Дејвис запиша само шест поени. Најновото засилување на „металците“, Никола Оташевиќ за 22 минути на паркетот постигна само скромни 2 поени, дополнети со два скока и две асистенции, притоа со пет неуспешни шутеви од зад линијата за три поени.

извор “Екипа.мк“.