Кошаркарите на Теодо Тиват со големи мотиви и една цел пристигнаа во Охрид, каде ги очекува дуел со охридските кошаркари во рамките од седмата рунда во Втората АБА лига. Гостите нескромно најавуваат атак на целиот плен и враќање на победничките патеки после поразот од Крка (80-65) во претходната шеста рунда од регионалната кошаркарска лига.
– Во Охрид одиме на победа, затоа што сакаме да ја прекиниме серијата лоши резултати. Го почитуваме противникот и не го потценуваме иако има негативен скор на табелата. Сепак, работите ќе зависат од нас, бидејќи ако одиграме како што треба позитивниот исход нема да изостане. – рече капитенот на екипата, Игор Радоњиќ.
Тренерот Зоран Гломазиќ исто така се надева на победа во Охрид. – Прво посакувам добра игра, а тоа сигурно ќе ни донесе победа. За дуелот со Охрид на располагање ќе го имаме Савиќ, кој месец и половина не беше дел од нас поради повреда. Со победа на овој мислам дека ќе почниме нова страница и ќе забележиме добри резултати во АБА лигата и националниот шампионат во Црна Гора.
Натпреварот во „Билјанини Извори“ се игра во 17 часот, а влезот за сите љубители на кошаркарката и спортот во Охрид е слободен.
OhridNews