Македонскиот првак. на ова гостување ќе патува без еден од најдобрите играчи во тимот Ѓорги Чековски, кој ќе го пропушти натпреварот поради повреда. Во ростерот на МЗТ, исто така поради повреда ќе го нема и Стеван Поповски Турањанин, па тренерот Алеш Пипан во Крагуевац отпатува со 10 кошаркари.
„Одиме на уште едно тешко гостување во Крагуевац, на гости кај екипата на Раднички која покажа многу во досегашниот тек од натпреварувањето. Имаме проблеми со повредите и затоа на овој меч ќе настапиме без стандардниот Ѓорѓи Чековски. Од моите играчи очекувам да влезат храбро во овој дуел, да одиграат агресивно во одбраната и да се прикажеме во што подобро светло“, изјави тренерот на МЗТ.
Раднички, кој се наоѓа во серија од шест победи на домашен терен, во првиот дел од сезоната, во Скопје, забележа победа со 83:75, на тој натпревар еден од најдобрите играчи на Раднички беше искусниот Бојан Крстовиќ.
„Тренерот Алеш Пипан е големо засилување за МЗТ. Нашиот следен ривал го бие глас дека игра подобро на гостувањата него на домашен терен, и ние тоа сериозно го земаме во предвид. Во овој натпревар мораме да влеземе агресивно уште од првата минута, да не се повтори пристапот кој го имавме против Игокеа. Се надевам дека извлековме поука од натпреварот во претходното коло и дека во текот на сите 40 минути ќе бидеме максимално сконцентрирани. Само со таков пристап можеме да дојдеме до победата“, истакна Крстовиќ.
Натпреварот ќе се одигра со почеток во 20:30 часот.