Кошаркарите на АВ Охрид со мечот против Теодо Тиват во Втората АБА лига в среда во 17 часот продолжуваат со пеколниот натпреварувачки ритам. Десетдневната пауза „галебите“ ја искористија за мал одмор и подготовка за престојните предизвици кои доаѓаат.

– Прво се одморивме, а потоа трениравме со јак интензитет за што подобро да ги дочекаме мечевите кои ни следуваат. Воопшто не се гледаме на табелата и нашиот негативен скор во Втората АБА лига, туку целосно се насочуваме кон акумулирање на искуство и воигрување на екипата. Исто како и до сега одиме да се надигруваме и да го дадеме најдоброто од себе, а резултатот кога тогаш ќе дојде. – изјави Петар Чочороски. 

Еден од помладите кошаркари во АВ Охрид, Стеван Глигоријевиќ верува во добар натпревар и посакува позитивен резултат. – Наша задача е да играме и да се бориме до крајот на мечот. Последните два натпревари против Рогашка и Динамик имавме позитивни моменти, но повторно изгубивме. Научивме многу од минатите натпревари и се надевам дека нема да ги повториме истите грешки од претходно. 

Охриѓани се шест порази во шест мечеви се наоѓаат на последната 12-та позиција, додека Теодо со егал скор 3-3 ја зазема осмата позиција на табелата.

OhridNews