Кошаркарите на АВ Охрид во првиот меч на домашен терен во Новата 2018 година силите ќе ги одмерат со тимот на Ловчен Цетиње во рамките од 13-та рунда во Јадранската втора АБА лига. Натпреварот се игра в среда со почеток во 17 часот.

– Нов меч, нов предизвик за нас. Одиме да се надигруваме и да пробаме да победиме. Воигравме некои други варијанти со Јунаковиќ и ќе се потрудиме да ја убрзаме играта и да стигниме до лесни поени. – изјави Петар Чочороски.

По меч пауза во составот на „галебите“ се враќа центарот Емир Зимиќ. 217 сантиметри високиот кошаркар го пропушти мечот со Борац во Чачак поради настинска.

– Бев во составот, но не играв, бидејќи не бев 100% подготвен. Сега сум здрав и во полно темпо ги одработав тренинзите. Не можеме да ветиме дека ќе победиме, но ветуваме дека ќе се бориме. Мислам дека имаме капацитет за нешто повеќе и време е да го покажаме тоа. – изјави Зимиќ.

Охриѓани во 12-те претходни натпреварит имаа забележано една победа, додека составот на Ловчен има пет сите остварени на домашен терен.

OhridNews