Охридските кошаркари во 14-та рунда од јадранската Втора АБА лига силите ќе ги одмерат со екипата на Вршац во спортската сала „Милениум“. Домашниот состав е голем фаворито во мечот кој ќе се одигра во среда со почеток во 18 часот.

– Гостуваме кај екипа која има квалитет за ранг погоре и свесни сме што не очекува. На ниту еден меч не сме се предале пред време така ќе биде и сега. – изјави Петар Чочороски.

– На дуелот со Ловчен имавме сјајни минути во кои покажавме дека можиме да играме. Само со таков пристап и игра имаме шанси да направиме нешто повеќе на гостувањето кај Вршац и воопшто во следните мечеви кои не очекуваат. – додаде Рос Кенет.

АВ Охрид со скор 1-12 се наоѓа на последната позиција, додека кошаркарите на Вршац со 8 победи и 5 порази ја заземаат четвртата позиција на табелата.

Ohridnews