Охридските кошаркари во 20-та рунда од јадранската Втора АБА лига гостуваат кај тимот на Босна Ројал. Натпреварот во спортската сала „Скендерија“ нема резултатско значење и двете екипи ќе го искористат за одмор на стандарните кошаркари и воигрување за финишот од сезоната.

– Одамна во АБА лигата патуваме растеретени и без резултатски притисок, бидејќи не ни тргна како што очекувавме. Ни преостануваат уште неколку натпревари кои треба да ги одиграме најдобро што можеме и потоа да се фокусираме на дуелите од Првата лига. – изјави тренерот на „галебите“, Петар Чочороски.

– Одиме да се надигруваме и да покажиме што знаеме и умееме. За нас, секој меч во АБА лигата е нов предизвик и нова шанса да научиме нешто повеќе – истакна капитенот, Антонио Донески.

Босна Ројал со скор 5-14 се наоѓа на претпоследната позиција, додека АВ Охрид со скор 1-17 е последнопласиран на табелата во АБА лигата. Натпреварот се игра во вторник во 18 часот.

OhridNews