Кошаркарите на АВ Охрид претрпеа нов пораз во Втората АБА лига, откако изгубија од Динамик 102-69 (22-21, 21-15, 33-23, 26-10) во шестата рунда од шампионатот.

„Галебите“ рамноправни противници на домашните кошаркари им беа само во првото полувреме. Динамик по голема борба првите десет минути ги добија со 22-21, а вторите со 21-15 за плус шест на полувремето.

Како во неколку наврати до сега второто полувреме се покажа кобно за охридските кошаркари. Домаќините немилосрдно ги казнуваа грешки на охриѓани и стигнаа до убедлива победа (102-69).

 Поентерски во тимот на АВ Охрид се истакнаа Реми Бери (20п), Станислас Цонков (18п) и Рос Кенет (16п). Кај домаќините најпрецизен беше Ненад Крстиќ со 20 кошеви. 

Избраниците на Петар Чочороски немаат премногу време за одмор, бидејќи ден после нивното враќање во Охрид ги очекува дуел со Блокотехна на гостински терен во Првата лига.

OhridNews