Кошаркарите на Црвена Ѕвезда триумфираа во градското дерби со Партизан совладувајќи го големиот ривал со 92-86 (25-23, 19-19, 23-24, 25-20) во 18-та рунда од регионалата АБА лига. „Црвено белите“ со победата во дерби средбата се пробија на третата позиција на табелата во регионалното друштво.
До триумф со кој ја продолжија серијата, Црвена Ѕвезда стигна во самиот финиш од натпреварот. Во свои раце презеде Били Берон, кој погоди во серија од линијата за слободни фрлања и клучниот напад кога домашните кошаркари се одлепија на пет позитива на 40 секунди до крајот.
Претходно, мечот изобилуваше со многу пресврти. Водството се менуваше, но никоја од екипата не се стекна со поголема предност. Црвена Ѕвезда подобро се снајде во финишот, а најголем адут покрај Берон беше скок играта. Партизан имаше четири скокови помалку во одбрана и дури шест во напад што е премногу за дерби средба со Црвена Ѕвезда.
Берон со 26 поени беше најефикасен кошаркар кај „црвено белите“. Расположени за игра беа уште капитенот Бранко Лазиќ кој уфрли 12 поени и Дејан Давидовац кој запиша 11 поени. Во редовите на Партизан, Гордиќ реализираше 14 кошеви, а еден помалку постигнаа Јарамс и Пејџ.
Црвена Ѕвезда со скор 12-6 се наоѓа на третата позиција на табелата, додека Партизан со скор 14-4 е на делба од првата позиција со црногорскиот Будуќност.
OhridNews