Кошаркарите на Црвена Ѕвезда поведоа со 1-0 во финалната серија од регионалната АБА лига победувајќи го тимот на Будуќност со 91-72 (18-20, 27-22, 20-10, 26-20).
„Црвено белите“ до триумфот и почетното водство во финалната серија стигнаа со маестрална игра во третиот и четвртиот квартал, додека првите два поминаа во знакот на егалот.
Гостите подобро го отворија мечот и после десет минути играа имаа водство 20-18, домаќините возвратија со нешто поголема разлика (27-22) за тесна предност од три поени. Црвена Ѕвезда сиот свој квалитет го покажа во третата и последната четвртина. Играта во одбрана беше на ниво, а нападот вешто погодуваше и не грешеше. Будуќност не го издржа темпото и претрпе убедлив пораз од 19 поени разлика.
Најефикасен во тимот на Црвена Ѕвезда беше Били Барон со 19 постигнати поени, а 12 реализираше Огнен Добриќ. Во редовите на Будуќност, Норис Кол уфрли 18 кошеви.
Вториот меч во финалната серија се игра на 14 април во Белград. Шампион во АБА лигата ќе биде првата екипа која ќе стигне до три победи во финалето.
OhridNews