Место со дерби средба помеѓу минатогодишните финалисти и добра и квалитетна кошарка, завесата за 2019 година во регионалната АБА се спушти со службена победа за Будуќност и соопштенија и пресконференција од Црвена Ѕвезда.

Актуелниот првак во АБА лигата од безбедносни причини одлучи да не отпатува во Подгорица. Од таборот на „црвено белите“ побарале специјална заштита и гаранција за нивната безбедност. Денеска, кошаркарите на Црвена Ѕвезда се качиле во авион, но побарувањата не им биле обезбедени  и слегле со одлука да не го играат натпреварот.

Од другата страна, Будуќност, со официјално соопштение излезе дека во нивната сала биле одигрувани многу натпревари и нема потреба од толку драма. Црногорците, според правилата излегоа на терен и заедно со судиите после 15-тина минута го напуштија теренот.

За не одигрување без оправдување следува службен пораз од 20-0 и дополнителна казна која ќе треба АБА лигата да му ја изрече на Црвена Ѕвезда.

OhridNews

АБА: Црвена Ѕвезда не отпатува во Подгорица, службена победа за Будуќност