Кошаркарите на Будуќност ја намалија предноста на Црвена Ѕвезда во финалната серија на 2-1, откако победија на домашен терен со 80-72 (18-25, 27-25, 21-8, 14-14).
Во третиот натпревар квалитетна кошарка не изобилуваше, но имаше голема борба. Мечот го одбележа кам бекот на Будуќност во третиот квартал, кој се покажа и клучен за победата.
Првиот им припадна на „црвено белите“ со 25-18, во вториот домаќините се консолидираа и надополнија два поени добивајќи го 27-25.
Третата четвртина, комплетно помина во знакот на домаќините. Играта во одбрана ја донесоа до перфекција, а нападот реализираше без грешка. Будуќност постигна 21 поен, а прими само 8 и со предност од осум поени влезе во решавачките десет минути.
Црвена Ѕвезда најмногу се доближи до пет поени негатива, но домашните кошаркари носени од публиката не дозволија пресврт и ја спасија првата меч топка за титула на гостинскиот состав.
Следниот меч исто така се игра на теренот од Будуќност во легендарната сала „Морача“. Победник во АБА лигата ќе биде тимот, кој прв ќе стигне до три победи.
OhridNews