А1 телевизија е најгледана во Македонија покажала анкетата за гледаноста на телевизиите и телевизиските програми во Република Македонија. што во периодот меѓу 28 и 30 септември ја спровел Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.
Според резултатите од анкатата, највисока гледаноста на телевизиските програми имало во вечерните часови. Во претпладневните часови се гледа помалку телевизија, отколку попладне. Меѓу 15 и 19 часот речиси половина од популацијата во Македонија гледала ТВ во последниот викенд на месец септември.
На прашањето што најчесто гледате на телевизија, 47,4 отсто од испитаниците одговориле дека најчесто гледаат информативна програма (вести), 30 отсто – забавна програма, 3,6 отсто – контактна програма, 6,7 отсто – едукативна програма, а 8,4 осто-спорт. На прашањето Во вестите во која телевизија имате најголема доверба, 31,7 отсто од испитаниците се изјасниле за А1 телевизија, 18,2 отсто немаат одговор, 12 отсто се определиле за Канал 5, 11,5 осто за АлсатМ, а 10,3 отсто најмногу и веруваат на МТВ.
Според резултатите од анкетата, 38,8 отсто од испитаниците најчесто ја гледаат А1, 11,2 отсто најчесто ги гледаат МТВ и Канал 5, а 10,7 отсто – АлсатМ.
Анкетата е спроведена на 1.112 испитаници, на примерок репрезентативен на национално ниво.
ohridnews