Нашите најдобри фудбалери во  Ноември ќе го искористат терминот на ФИФА за одигрување на две контролни средби во рамките на подготовките за следниот квалификациски циклус. Селекторот Мирсад Јонуз ќе може да ги провери кандидатите од поширокиот список во дуелите со Канада и Иран.


На 14. Ноември во Македонија ќе гостува Канада со која имаме одиграно еден натпревар како гости и загубивме со 1-0.

На 18. Ноември нашата селекција ќе гостува во Техерен каде ќе одигра дуел со домашниот Иран со кого веќе двапати ги одмеривме силите на негов терен. Во првата средба Иран победи со 3-1, додека на вториот натпревар со комбинираната селекција која ја предводеше токму сегашниот селектор Мирсад Јонуз , Македонија победи со 2-1.

Техничките детали околу местото и терминот на одигрувањето на двете пријателски средби дополнително ќе бидат одредени.

ohridnews