Македонската “А“ селекција ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар против Ирска в сабота во Даблин. На првиот тренинг кој го одржаа на “Билјанини Извори“ селекторот Јонуз на располагање имаше 13 фудбалери. Тренингот мина без Попов, Пандев, Митрески додека останатите  треба да пристигнат во текот на денешниот ден за кога се очекува “црвено-жолтите“ да го одржат првио тренинг во комплетен состав.

Мх.П.