Охридскиот гитарист Мартин Милески, кој јавноста го познава по преработките на популарни синглови од повеќе жанрови, деновиве објави преработка на песната „A Sky Full Of Stars“ од Coldplay.

-Оваа преработка е изработена со многу љубов и позитивна енергија која воедно сакам да ја споделам со сите мои сограѓани за да избегаме од политичката криза и домашните проблеми барем за некоја минутка. Исто така морам да нагласам дека таа ми е веќе 14 преработка на мојот канал, на кој допрва ќе „пристигнат“ уште неколку преработки пред да биде објавена мојата прва авторска песна, на која се работи интезивно и напорно и кога ќе биде завршена секако ќе бидете известени, вели Милески

Инаку во текот на изминатиот период, Мартин Милески претстави неколку преработки на познати хитови како Hello на Adele, Flashlight на Jessie J, See you again од Wiz Khalifa, Hollow Years на Dream Theater, Insomnia од Faithless , „Кој да ми запее“ од Каролина Гочева и други.

OhridNews